ул. Плачковички Одреди ББ. Виница.
тел: (033) 363 125;
jpsolidarnost@yahoo.com
ЈП "Солидарност"-Виница како претпријатие од посебен јавен интерес е организирано како јавно претпријатие за вршење комунална дејност на територијата на Општина Виница со одлука на СО Виница бр.0201-2817 од 24.11.1989 година. Претпријатието е основано со решение на Народен одбор на Општина Виница бр.01-3508/1 од 20.08.1960 година под фирма Комунално пазарна управа "Солидарност"-Виница, а е запишано во судскиот регистар во Окружен стопански суд Штип под Ус.бр.65/66 од 03.02.1966 година. При основањето на Комунално пазарна управа во 1960 година се вработени вкупно 10 вработени вклучувајќи го и управникот на установата.
Со тек на времето согласно законските прописи Комунално пазарна управа со Решение Фи.бр.197/77 од 10.06.1977 година се конституира во работна организација, а со Срег.бр.398/89 од 20.12.1989 година од работна организација преминува во јавно претпријатие. јавното претпријатие работи со целосна одговорност со ЕМБС:4040155 со седиште на ул."Плачковички одред "б.б Виница
Останатите дејности од опсегот на работа на ЈП се извршуваат тековно согласно поднесени и усвоени од УО и Совет на Општина Виница Програми за работа и достава на извештаи за работа. Органи на управување во претпријтието се Директор (кој го избира и разрешува Градоначалникот), Управен одбор и Надзорен одбор за контрола на материјално финансиско работење.